Гордана Јанкуловска се пријави во Пробациската канцеларија во Скопје

Гордана Јанкулоска денеска прв пат се пријави во Пробациската канцеларија во Скопје како дел од условниот отпуст со кој од денеска е на слобода по три години и месец во затвор.
Излегување од затворот „Идризово“ следува по одлуката донесена од Апелациониот суд во Скопје, според која таа нема да се врати во затворот ако до октомври 2024 година не направи ново кривично дело.
Заради транспарентност во работењето, Апелациониот суд Скопје во октомри годинава информира дека при одлучувањето ги имаше предвид списите приложени кон предметот, пред се податоците добиени од установата каде осудената ја издржува казната затвор.
- Имено, судот ги ценеше личните прилики на осудената, особено околноста дека осудената е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, а посебно ценејќи ги предвид податоците од Установата каде осудената ја издржува казната затвор, со оглед да осудената ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, истата се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања, имала развиено чувство за лична и општествена одговорност и однесувањето и било во склад со општествените норми. Во досегашниот издржан дел од казната во ниту еден момент не биле евидентирани прекршоци на одредбите од куќниот ред, го почитувала истиот и имала примерно поведение, а воено и коректен однос кон службените лица. Сметано од 25.10.2022 година, осудената била работно ангажирана во библиотеката на женското одделение и својот ангажман го извршувала со посветеност, навремено и во целост, користела и погодности надвор од установата, што упатува дека осудената се поправила до степен што основано може да се очекува дека на слобода добро би се однесувала и дека нема да врши кривични дела, со што е остварена и целта на казнувањето предвидена со чл.32 од КЗ, информираа од Апелационен суд Скопје.
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беше упатена во КПУ - Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк", во септември 2020 година, откако таа ги исцрпи сите правни средства за одложување на издржување на казната затвор за предметот „Тенк".
Постапката за условен отпуст се спроведува согласно со Законот за пробација, а по отпуштањето од установата, осуденото лице пуштено на условен отпуст може да се обрати до пробацискиот службеник заради давање помош и поддршка.
Во извршувањето на обврските утврдени со решението за условен отпуст, месно надлежната пробациска канцеларија го повикува осуденото лице на разговор, врши увид во документацијата за осудено лице (судска одлука, наоди и мислења од База на закони, лекар и други стручни лица, извештаи од Центарот за социјална работа и други) и прибира други потребни податоци за осуденото лице од други органи, институции и организации, на барање на судот, го предупредува условно отпуштеното лице за последиците од неисполнување на утврдените обврски, врши надзор над извршувањето на обврските и му пружа помош на осуденото лице, составува извештаи за извршувањето на обврските и ги доставува до судот кој ја донел одлуката во прв степен и врши други работи во согласност со закон.
Ново на Сител
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
-

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили
-

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор
