Горбачов: Москва и Берлин повторно да воспостават доверба

Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов денеска ги повика официјална Москва и Берлин повторно да воспостават меѓусебна доверба во време на големи тензии предизвикани од украинската криза.
Гробачов изрази загриженост поради влошените односи на Русија со Западот, што се случува речиси 30 години откако американскиот претседател Роналд Реган го повика Горбачов заедно да го урнат Берлинскиот ѕид и стават крај на поделбата меѓу Истокот и Западот.
- Тоа што денеска најмногу не загрижува е односот меѓу Германија и Русија, истакна 84-годишниот поранешен лидер на СССР за руската агенција ТАСС.
Горбачов, еден од клучните играчи одговорни за уривање на Берлинскиот ѕид во 1989 година, изјави дека по Втората светска војна сите мислеле дека Русија и Германија не можат да соработуваат, но двете земји успеаа во тоа.
Според него владите на Русија и Германија треба да покажат мудрост и одговорност и повторно да воспостават доверба и дијалог, додавајќи дека нема време за губење.
Дипломатските односи меѓу Русија и Западот моментално се на најниско ниво од времето на студената војна, а поради украинската криза ЕУ и САД против Русија воведоа економски санкции, на што руската влада одговори со контра мерки.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
