Горан кажа зошто ги уби сопругата и нејзините родители- судот донесе одлука
Вишиот суд во Нови Сад му одредил притвор на Горан Јанковиќ осомничен за убиство на сопругата и нејзините родители, во петокот на 24. мај во тој град.
Притворот на предлог на обвинителството му го одредил судија поради опасност од бекство, влијание врз сведоци, повторување на делото и вознемирување на јавноста, соопштило обвинителството.
Јанковиќ бил претходно сослушан во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад пред кое ја изнел својата одбрана во присуство на бранител по службена должност, кој му го одредил новосадскиот суд, бидејќи нема ангажирано адвокат.
Против Јанковиќ ќе биде спроведена истрага поради кривично дело тешко убиство, за кое му се заканува затворска казна до 40 години.
Тој е уапсен во понеделник, после тридневна потрага на полицијата.
Медиумите вчера пренесоа дека Јанковиќ го признал злосторството, наведувајќи дека бил изнервиран затоа што неговата сопруга на 11. мај го пријавила за насилство во семејството.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
