-->
-->
Голманот на Барселона Гарсија ќе биде надвор од терените неколку недели
-->

Голманот на Барселона, Жоан Гарсија, се повреди во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите синоќа против Њукасл, објави „АС“.
Натпреварот заврши 7:2 во корист на Каталонците. Гарсија го напушти теренот во 82. минута поради проблем со ногата. Според шпанскиот весник, на 24-годишниот голман му е дијагностицирана скинат мускул на левата нога. Тој би можел да биде надвор од игра неколку недели.
Барселона го победи Њукасл со вкупен резултат 8:3 и и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Во сезоната 2025/26, Гарсија одигра 35 натпревари за каталонскиот тим во сите натпреварувања, прими 35 гола и 14 пати не прими гол.
Следен ривал на Барселона во Лигата на шампионите ќе биде Атлетико Мадрид.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
