-->
-->
Голема заплена - На Богородица го фатиле со 144 килограми дрога
-->
На граничниот премин Богородица на излез од Република Македонија вчера било запрено товарно возило со полуприколка сострански регистарски ознаки управувано од бугарски државјанин.
Кога осомничениот пристигнал на граничниот премин Богородица на царинските службеници им рекол дека нема ништо за пријавување и дека возилото е празно. Бидејќи царинските службеници се посомневале во неговата изјава, возилото било селектирано за контрола. При контрола на возило во страничните даски од полуприколката, царинските службеници забележале дека истите биле наполнети со наркотична дрога марихуана. Вкупната количина на запленетата марихуана е 144 килограми.
Предистражната постапка е се уште во тек и се прибираат докази. Царинската управа поднесе кривична пријава против осомниченото лице до надлежното јавно обвинителство, поради постоење на основи на сомнение дека е сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје