Голем пожар во Куманово

Пожар попладнево избувнал во поранешната управна зграда во кумановски „Житомел“.
Според Територијалната противпожарна единица во Куманово, пожарот бил пријавен во 16:45 часот по што тројца пожарникари со едно противпожарно возило се упатиле кон местото, а во 17:10 часот била испратена уште една екипа.
Пожарот, како што информира Територијалната противпожарна единица, е ставен под контрола околу 18 часот.
Ова е само еден од низата пожари кои изминатите години се случуваат во различни објекти на поранешната компанија за производство на леб, но сите се со помала материјална штета. Сепак, во јули 2012 година во голем пожар изгоре поранешната мелница на компанијата лоцирана на булеварот „Октомвриска револуција“, а во ноември истата година изгоре дел од поранешната управна зграда и мелница на мелничко-пекарскиот комбинат. ам/бак/18:55
Ново на Сител
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум
