Голем подвиг на малиот планинар: Ване (9) од Неготино го освои Олимп

Деветгодишниот планинар Ване Бошев од Неготино, изминативе два дена успеа да се качи на највисоката планина Олимп во Република Грција и да ги освои врвовите Митикас и Скала.
Неговиот татко Орданчо Бошев, долгогодишен планинар, денеска информираше дека искачувањето помина при мошне убави временски услови. Тој нагласи дека Митикас со 2.918 метри е највисок врв на Олимп и втор по височина на Балканот.
- Акцијата се реализираше два дена. Искачувањето и спуштањето траеше вкупно околу дваесет часа. Експедицијата броеше околу педесет планинари, од планинарските друштва „Балкан“ од Белград, „Макпетрол“ од Скопје и „Неготино МКД“. Имаше четири професионални водичи, појасни таткото.
Младиот Бошев планинари од неполни три години и досега има освоено бројни планински врвови во земјава и странство. Како млад и надежен планинар, има освоено и бројни признанија. Во ноември ќе полни десет години.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
