Голем број од новозаразените одбиваат да одговорат на епидемиолошките анкети
Повеќе од 100 лица во последните 24 часа биле позитивни на вирусот Ковид-19. Бројката не е официјална бидејќи се уште се процесираат одредени примероци. Иако се уште не се официјални информациите, од центарот за Јавно здравје, ни потврдија дека до овој момент 59 случаи се од главниот град. Најголем број се од Чаир, поголем дел се од непознати општини.
Од центарот за Јавно здравје ги ангажирале сите лекари на терен за да прават епидемиолошки тестови. Според информациите кои ги добивме остaнатата половина се дијагностицирани во тетовскиот регион и во регионот на Липково, но има и во другите градови ширум државата. Закажан е вонреден состанок во Владата на кој ќе присуствуваат министерот за здравство, Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Голем број на луѓе одбиваат да одговорат на епидемиолошките анкети, а има случаи дури и каде што бегаат. Три дена по ред бројот на нови случаи расте, а вчера беа дијагностицирани 76 случаи. Вчера се појавија нови кластери во фирма во тетовско, а исто така нов кластер се отвора и на јужната граница помеѓу полицајците. Надлежните не ги исклучуваат можностите да се реализира локален карантин во општините и градовите каде што има голем број на заразени, а исто така и воведување повторно на полициски час. Поради престојниот верски празник стигна апел и од православната црква за верниците да се воздржат од одење на гробишта викендов.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати