Годишнина од протестите „1 од 5 милиони“, Двери го блокираа влезот во РТС

Во Белград синоќа се одржа 52-от протест „Еден од пет милиони“ со кој се одбележа годишнината од првиот протест во Крушевац, наречен „Стоп на крвавите кошули“, кој беше организиран поради претепувањето на опозицискиот лидер Борко Стефановиќ во тој град.
Од протестот беше порачано дека „шетањата“ ќе продолжат секоја сабота сè до конечната победа и заминување на сегашниот режим, јави дописникот на МИА.
На патот кон Владата на Србија, протестната колона ја мина зградата на Радио телевизија на Србија (РТС), каде што во тоа време се одвиваше блокада организирана од движењето Двери. Организаторите од камион ги прочитаа барањата до раководството на РТС, од кое беше побарано гостување на Борко Стефановиќ, после чие тепање и започнаа протести пред една година. Исто така беше побарано и другите опозициски лидери да добијат простор на јавниот сервис.
Во моментот кога од камионот беа читани барањата пред влезот на РТС во улицата Таковска, со факели се појави раководството на Двери, предводено од Бошко Обрадовиќ. Со тоа се заврши, како што беше кажано, „последната блокада на предупредување“.
Колоната со учесниците на протестите „Еден од пет милиони“ потоа продолжи кон српската Влада каде од камионот се слушаше песната на Бајага и инструктори „Пада Влада“, а беше закачена крвава кошула која симболично асоцира на годишнината од нападот врз Борко Стефановиќ.
На 30 ноември минатата година во Крушевац се одржа првиот протест наречен „Стоп на крвавите кошули, откако една недела претходно беше претепан тогашниот лидер на Левицата на Србија, Борко Стефановиќ, а сега заменик претседател на Партијата за слобода и правда (ССП).
Ново на Сител
-

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија
-

Каде е македонскиот студент на мапа? | Ангела Василевска и Александар Николовски | Sitel Podcast 133
-

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер
-

Пронајден е починат исчезнатиот Македонец Стивен Ивановски
-

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите
-

Приведен 34-годишник од тетовско, со остар предмет му се заканувал на градоначалникот на Желино
-

УЈП: Во 2025 година во националниот буџет собрани над четири милијарди евра од даноци и социјални придонеси
-

Мицкоски: Пензиите се зголемуваат, а сиромаштијата се намалува
