Го видов Исус и ми рече дека се ќе биде во ред - Бил мртов 20 минути!
Лекарите немаат обајснување и биле лиску да констатираат смрт, кога младото момче се разбудило.
Зак Клементс (17) е силен, здрав и го сака спортот. Оди во средно училиште и игра рагби.
Тој доживеал колапс на часот по физичко. Веднаш бил однесен во болница, каде што лекарите направиле сѐ што е во нивна моќ за да го оживеат.
Неговото срце не чукало 20 минути.
Кога лекарите конечно добиле пулс, Клементс бил префрлен во друга болница. Се разбудил неколку дена подоцна.
Тешко е да се поверува дека воопшто закрепнал, но уште поневеројатна е неговата приказна за тоа кого го видел кога неговото срце престанало да чука.
„Додека бев во несвест, видов човек со долга брановидна коса и голема брада. Веднаш сфатив дека тоа е Исус“ – рекол тој.
Неговото семејство смета дека се случило чудо.
„Му пријдов и тој ја стави раката на моето рамо, велејќи ми дека сѐ ќе биде во ред и да не се грижам“ – раскажал Зак.
Неговите родители му веруваат и неговото враќање во живот го сметаат за Божја волја.
Ново на Сител
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност