Глоговац се подготвувал за нов филм, режисерот бил дециден: Не го менувам главниот актер, ќе го чекам додека не закрепне
Српскиот актер Небојша Глоговац почина утрово на 48-годишна возраст. Глоговац кон крајот на јануари беше итно примен во болница и тогаш беше соопштено дека неговата здравствена состојба е сериозна.
Пред само два дена српските медиуми јавуваа дека се е подготвено за снимањето на новиот филм каде Глоговац ќе ја има главната улога, а режисерот чекал на негово закрепнување.
По четири години режисерот Срдан Голубовиќ го подготвува новиот филм „Татко“. Медиумите пред два дена пренесуваа дека Глоговац добро ја поднесувал терапијата, а првата клапа требала да се случи на пролет.
-Срдан оваа улога ја пишуваше за Небојша и нема да го менува главниот актер. Веќе го одложи почетокот на снимањето и ќе го чека Глоговац колку и да биде потребно. Една од локациите каде треба да се снима е Прибој, изјавил пред два дена извор близок до режисерот.
Режисерот претходно за проектот изјавил дека Глоговац е вистинскиот избор за главен актер.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи