Гленда Џексон му се враќа на актерството по 23 години во политиката
Познатата британска филмска и театарска актерка Гленда Џексон, му се враќа на актерството по 23 години минати во политиката како пратеник на Лабуристичката партија.
Џексон ќе учествува во радио адаптацијата на новели од францускиот писател Емил Зола. Првата адаптација на неговите новели, под заеднички наслов „Крв, секс и пари“, ќе биде емитувана во ноември годинава на британското Радио 4.
Адаптациите ќе се емитуваат прво секојдневно една недела, а потоа во текот на шестмесечни интервали по две недели.
Гленда Џексон, која сега има 79 години, два пати беше добитник на филмската награда Оскар.
Во 1992 година, таа прв пат беше избрана за лабуристички пратеник во Долниот дом на британскиот Парламент.
Од политиката се повлече во мај оваа година, кога прв пат по 23 години не се кандидираше за пратеник во изборната единица Хампстед и Хајгејт, објаснувајќи дека веќе и е доста од политичката работа.
Од својот прв избор, па до крајот, Џексон остана дел од левичарското крило на партијата, честопати несогласувајќи се со позициите на водството на партијата и со Владата, во 13-те години, додека лабуристите беа на власт.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата