Главната расправа за случајот „Меѓународен сојуз“ презакажана за 19 ноември
Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека главната расправа за случајот „Меѓународен сојуз“ наместо утре, ќе се одржи на 19 ноември годинава.
Причина за презакажувањето, според Судот, се здравствени пречки на дел од одбраната.
И пред речиси два месеца, на 24 септември, случајот беше одложен за октомври. Тогаш, како што соопшти Кривичниот суд, расправата се одложи зашто еден од обвинетите беше сè уште хоспитализиран по извршен оперативен зафат.
За случајот со невладината организација „Меѓународниот сојуз“ обвинет за измама и перење пари е нејзиниот основач, Бојан Јовановски – Боки 13. Обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13, како и Јасна Мандиќ. Ременски како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се товари за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението на 3 јануари годинава, а судот го одобри на 12 мај.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување