Ѓурѓовденска струшка литија

Во Струга денеска по деветти пат ќе се одржи Ѓурѓовденската струшка литија на која граѓаните ќе можат да се поклонат пред моштите на Св. Георгиј Победоносец и чудотворната икона на овој светец.
Денот на традиционалната Струшка литија е дел од културното наследство на Република Македонија.
Првпат на годинашнава Струшка литија (Еордија) ќе биде носена Пречистанската (Крнинска) икона на Мајката Божја од манастирот „Богородица Пречиста“, Кичево.
Бидејќи Струшката Литија (Еордија) прераснува во семакедонски настан и станува белег по кој се препознава убавината на земјата, годинава во знак на единството и соборноста, моштите на Св. Великомаченик Георгиј Победоносец, ќе бидат носени, не како досега од четворица видни граѓани на Струга, туку и од жители од другите градови - еден жител на Битола, еден охриѓанец и двајца стружани.
Меѓу другото, годинава новина на струшката литија е учеството на членовите на „Ансамбл Македонија“.
Ново на Сител
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
-

Прилеп го доби првото официјално Собирно место за селекција и одлагање на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
