Ѓукановиќ: Владата во Подгорица продолжува да го урива угледот на Црна Гора
– Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека Владата во земјата, со прекинувањето на седницата поради кавга на премиерот Здравко Кривокапиќ и шефот на дипломатијата Ѓорѓе Радуловиќ по однос воведувањето на санкции протви Русија, само продолжува да го урива меѓународниот углед на Црна Гора.
„Оваа Влада продолжува да ја срамоти нашата држава. Таа не е во состојба да постигне согласност по прашање што е мошне поважно од политиката. Ова е прашање на морален став на секој поединец, така и на оние луѓе во Владата, да осудат нешто што му се случува на пријателски народ“, изјави Ѓукановиќ.
Официјална Подгорица се придружи кон санкциите на ЕУ против Москва, но не ги донесе одлуките потребни за тоа да се спроведе.
Од Владата официјално беше соопштено дека седницата била прекината поради несогалсување во процедурата на донесувањето на одлуката за примена на на санкциите, но не дека тоа е поради непримерно однесување на Радуловиќ кон премиерот.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
