Ѓукановиќ: Русија сака со пари да влијае на изборите
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека група партиски лидери, здружени околу коалицијата Фронт, со големо количество пари добиени од Русија по тајни канали, се обидуваат да влијаат на резултатите од претстојните парламентарни избори во Црна Гора.
- Постојат луѓе кои се подготвени за мала сума пари да се поиграат со националните интереси, што е неодговорно, непатриотски и недостоинствено, изјави црногорскиот премиер.
Тој посочи дека генерации предци на црногорскиот народ, иако живееле сиромашно, не ги продавале државните интереси, пренесува Танјуг.
- И сега, се најде група партиски лидери собрани околу коалицијата Фронт, која очигледно со голема сума пари уфрлени од Русија по тајни канали, се обидува да влијае на резултатите од изборите. Значи, дека ги жртвува националните интереси, ги продава националните интереси на Црна Гора за Русија, во своето одмерување на силата со западот, да ја покаже својата важност, оцени Ѓукановиќ.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ