Ѓукановиќ: Оваа година најважна за Црна Гора од независноста
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска на отворената седница на Владата порача дека оваа година е најважна за државата од обновата на независноста, пред се поради поканата за членство во НАТО.
- Тоа е големо признание за реформите, кои сме ги направиле за да ги достигнеме НАТО стандардите. Првпат во поновата историја повик е упатен само на една земја. Сето тоа не обврзува да продолжиме со реформите, како и со продолжување на јакнењето на поддршката за членство, рече премиерот.
Ѓукановиќ оцени дека државата има и одличен интензитет во процесот на пристапување кон ЕУ, пренесува Танјуг.
- Отворивме 22 поглавја, а исполнети се и почетните мерила во седум поглавја, од кои повеќето се сметаат за најтешки. Со создавање предуслови за отварање на тие поглавја Црна Гора покажа дека нејзината администрација е подготвена да извршува и најкомплицирани задачи, рече тој.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи