Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во Драчево со капацитет за 75 деца

За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во населбата Драчево, најави денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, откако заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид на активностите на терен.
Во објектот со три занимални, со вкупна површина од 300 метри квадратни ќе бидат згрижени 75 дечиња.
- Во општина Кисела Вода листите на чекање се сведени на нула и сме една од ретките општини што се отворени за згрижување на дечиња од други општини, изјави Ѓорѓиевски.
Тој посочи ова е 10-ти ваков објект, се прави уште едно проширување во Драчево, каде ќе се згрижуваат уште 60, а привршуваат и работите за градинката во Расадник, со капацитет од 125 дечиња.
Мицкоски најави дека ќе продолжат активностите за решавање на, како што рече, наследените проблеми со листите на чекање во градинките и недостигот на кадар.
- Главен наш приоритет ќе продолжи да биде изградба на инфраструктура, бидејќи демографијата е еден од водечките предизвици што ќе треба да ги совлада Владата, изјави Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
