Ѓорѓиевски: Скопје памети - 83 години од црниот 11 март

Денес со тешко срце се сеќаваме на нашите 7.144 сограѓани македонски Евреи, кои на овој ден беа насилно одземени од своите домови, од своите семејства и од своето Скопје, испратени кон сигурна смрт во логорот Треблинка, напиша во објава на Фејбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Ова, како што поочува скопкиот градоначалник, е болка што сè уште живее во сеќавањето на нашиот град.
-Тие беа наши соседи, пријатели, еснафи - луѓе што со својата работа, култура и дух го градеа животот на Скопје. Еден ден исчезнаа, а зад нив остана тишина што трае со децении, нагласува тој.
Трагедијата на Холокаустот, како што вели Ѓорѓиевски, е вечна опомена за човештвото и доказ колку ниско може да падне човекот кога омразата ќе стане идеологија, а злото политика.
-Затоа нашата должност е да паметиме. Да ја чуваме вистината. И никогаш да не дозволиме темнината повторно да се врати. Скопје никогаш нема да ги заборави своите сограѓани. Нека е вечен споменот на жртвите, посочи Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток
-

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
