Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје - чисто и достоинствено

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа на неговиот официјален фејсбук-профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје на главниот град, плоштадот „Македонија“ и кејот на реката Вардар, што ја започна веднаш по преземањето на функцијата.
-Нашето убаво Скопје! Чисто и достоинствено!, напиша Ѓоргиевски на фејсбук.

Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна вечерта по примопредавањето на функцијата од досегашната градоначалничка, и како што самиот изјави, акцијата би требало да заврши вечерва.
Согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72 часа од преземањето на мандатот, деновиве со механизација и рачно се чистат коритото и косините на Вардар, се отстранува кабаст отпад и пластични шишиња и се расчистува земјен материјал насобран во централниот дел на кејот, а се празнат и контејнерите од ѓубре.
Во акцијата се вклучени луѓе и опрема од комуналното претпријатие на Скопје, како и механизација и екипи од ЈП „Улици и патишта"- Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
-

Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
-

Safe City и официјално стартува од 1 февруари - Ќе има и праг на толеранција
-

Служба за Брза помош од внатрешноста без основни лекови - Двајца директори на клиники незаконски си зголемиле плати
-

СДСМ: Дали власта внесува сомнителен капитал во Македонија?
-

Реакции по предлогот полициски инспектор да стане член на Судски совет
