Ѓорчев: Бугарското малцинство мора да ја почитува македонската држава
Република Македонија го има достигнато еден од највисокиот стандарди во Европа во однос на почитување на малцинските права. Именувањето на бугарскиот клуб со името Ванчо Михајлов, кој е осведочен соработник на фашистичките режими во Хрватска и Италија, човек чие политичко кредо е политичко насилие и терор, и тоа е забележано не само во Бугарија туку и ширум Европа, значи дека се поткопува и максимата за заедничка историја. За каква заедничка историја зборуваме кога македонската антифашистичка борба и третиот Рајх на Бугарија се две спротивставени страни во историјата. Ова е провокација од Бугарија, изјави во Тема на денот на Сител поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев.
Според него, не е можно некој наш висок државен претставник да отвори македонски клуб во Бугарија, бидејќи смета дека тоа би предизвикало големи протести од многу политички партии со можност за секакви ескалации.
Ново на Сител
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања
-
Уште 5 дена кампања