-->
-->
Ѓоковиќ се двоумел да се откаже од тенисот
-->
Еден од најдобрите италијански тенисери Филипо Воландри открива дека новокрунисаниот шампион од Вимблдон, Србинот Новак Ѓоковиќ, бил подготвен да се пензионира на крајот на март по мастерсот во Мајами, откако не успеа да ја врати посакуваната форма.
Ѓоковиќ се врати на голема сцена на светскиот тенис на Вимблдон минатите две недели, освојувајќи ја својата четврта титула од гренд-слемот на трева, но Воландри вели дека имало моменти кога Србинот мислел дека не вреди да се обидува да направи кам-бек.
„Знам дека по Мајами зборуваше со своите луѓе и им порача дека треба да преговара со спонзорите бидејќи не знае дали сака да продолжи со тенисот. Зборував со Фабио Фоњини пред неколку дена и двајцата се согласивме дека му се потреби само два-три добри меча за да ја врати самодовербата. Но, не верувавме дека ќе победи на Вимблдон, иако со секој меч беше подобар. Дуелот со Рафаел Надал беше еден од најубавите тениски мечеви во последните две-три години“, вели Воландри за „Скај спортс Италија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина