Ѓоковиќ: Не се гледам во политиката
Најдобриот светски тенисер, Србинот Новаќ Ѓоковиќ, изјави оти по завршување на професионалната кариера нема амбиции да влезе во светот на политиката.
„Немам чувство дека тоа е свет или опкружување во кое јас би блескал. Сепак, мислам дека мојата популарност во Србија и регионот може да се искористи за некои други работи во кои би можел да придонесам за животот во општеството“, рече Ѓоковиќ во опширно интервју кое денеска го емитуваше американскиот телевизиски канал Си-Би-Ес.
Триесетишестгодишниот Ѓоковиќ најави дека сè уште е далеку да стави крај на својата импозантна кариера и порача оти е подготвен да продолжи со соборување на рекордите.
Ѓоковиќ досега во својата кариера освои рекордни 24 грен – слем титули, а триумфираше на 39 мастерс турнири.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот