-->
-->
Ѓоковиќ елиминиран во Дубаи, Медведев прв светски рекет
-->

Чехот Јиржи Весели го подобри скорот против Новак Ѓоковиќ на 2-0 откако успеа со 6:4/7:6(4) да го совлада Србинот во четврт-финалето на Дубаи-шампионатот и така гарантира Русинот Данил Медведев (кој игра во Мексико) да се искачи на првото место на АТП-листата од понеделник.
По двете релативно лесни победи во Дубаи, се очекуваше Ѓоковиќ да има лесна задача против 123-рангираниот Весели, но Чехот беше загреан за победа од почеток. ој направи брејк уште во првиот гем од мечот, но Ѓоковиќ се врати во четвртиот гем да израмни на 2:2 пред во маратонскиот седми гем Весели пак да направи брејк за да го освои првиот сет.
Во вториот сет Весели, пак, направи брејк за 4:3 водство, но Србинот се врати за драматично израмнување пред да колабира во тај-брејкот.
Данил Медведев на 28 февруари ќе стане третиот Русин што бил светски број 1 по Евгениј Кафелников и Марат Сафин прекинувајќи ја рекордната низа на Ѓоковиќ од 361 недела на врвот на листата вклучувајќи ги последните 86 недели.
Медведев исто така е првиот тенисер покрај Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј, кој е на првото место на АТП-листата по Енди Родик на 1 февруари 2004 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
