Ѓинѓиќ: Раст на производството на оружје во БиХ

Дванаесет компании, што работат во рамки на индустријата за наменско производство во хрватско-муслиманската Федерација Босна и Херцеговина, во првите шест месеци од годината извезле оружје, муниција и воена техника во вредност од околу 150 милиони конвертибилни марки (приближно 75 милиони евра), објави весникот „Дневни аваз“.
Според весникот, овие податоци се изнесени на средбата на министерот за енергетика на Федерацијата БиХ, Нермин Ѓунѓиќ, со директорите на овие компании.
Министерот Ѓинѓиќ изјави дека неменската индустрија бележи голем раст. Минатата година Федерацијата извезла оружје во вредност од 249 милиони конвертибилни марки.
- Годинава очекувавме извоз на оружје од околу 305 милиони марки, но сега оваа бројка ќе биде поголема за околу 30-40 милиони конвертибилни марки, рече Ѓинѓиќ.
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
