-->
-->
Ѓер прв финалист во женската ракометна Лига на шампиони
-->
Ракометарките на Ѓер се првите кои обезбедија пласман во финалето на Лигата на шампионките.
Унгарскиот првак го победи актуелниот европски шампион Будуќност со 21:20 во првиот полуфинален меч на завршниот Фајнал-фор турнир што се одржува во Будимпешта.
Во првото полувреме угранската екипа имаше повеќе од играта па на поауза заминаа со три гола предност. Во воведните три минути од вториот дел Будуќност направи серија од 4:0, и дојде до водство од 12:11.
Во продолжение на мечот цврстата одбрана беше главна карактеристика на играта на двете екипи, но во нападот попрецизни беа домашните ракометарки, па преводени од триото, Грот, Аморин и Локе кои постигнаа по 4 гола, на крајот сосема заслужено се радуваа на победата со конечни 21:20.
Сега ракометарките на Ѓер ќе го очекуваат исходот од вториот полуфинален меч во кој македонскиот шампион ЖРК Вардар за противник ќе ја има романската екипа Букурешт, во дуелот кој ќе започне од 17 часот и 45 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце