Германската економија падна во рецесија

Германската економија малку ослабна во првиот квартал и падна во рецесија, денеска покажаа ревидираните проценки на Заводот за статистика, откривајќи силен инфлаторен притисок врз личната потрошувачка.
Сезонски и ценовно приспособениот бруто-домашен производ (БДП) во првите три месеци од годината падна за 0,3 отсто во однос на претходниот квартал кога вредносно ослабна за 0,5 отсто, покажуваат новите проценки на Дестатис.
Првата проценка покажа стагнација на активност на почетокот на годината.
Во однос на првиот квартал од минатата година, БДП е намален за 0,5 отсто во првите три месеци од годинава. Претходната проценка на Дестатис покажа пад на активноста од 0,1 отсто.
-Откако БДП-то веќе на крајот на минатата година се лизна во негативно подрачје, германската економија забележува два негативни квартали по ред, рече претседателката на Дестатис, Рут Бранд.
Ако економијата се намалува два квартали по ред, економистите зборуваат за техничка рецесија, потсетува агенцијата ДПА.
Високата инфлација ја лиши економијата од поддршка за личната потрошувачка, покажуваат новите податоци. Личната потрошувачка е намалена за 1,2 отсто во однос на крајот на 2022 година, кога се намали за 1,7 отсто.
Домаќинствата во првите три месеци од годинава помалку трошеле за храна и пијалоци, облека и обувки и за мебел, посочуваат статистичарите.
Иако растот на цените во последно време е забавен, априлската стапка на инфлација од 7,2 отсто се уште е висока.
Позитивни импулси беа бруто-инвестициите на компаниите и извозот, што бележат раст од 3,0 отсто, односно 0,4 отсто во однос на претходните три месеци.
Зголемени се инвестициите во градежниот сектор, поради поволните временски услови и инвестициите на компаниите во опрема како машини, уреди и возила.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската комисија очекуваат германската економија годинава повеќе или помалку да стагнира, а германската Влада предвидува раст на активноста од 0,4 проценти
Ново на Сител
-

Стоилковиќ се сретна со делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа
-

19-годишно момче од Тетово загина во Италија откако паднало од покрив висок седум метри додека работело
-

СЗО алармира: Дебелината кај децата четирикратно зголемена од 1990 година
-

Виш обвинител од Битола под истрага за незаконско влијание врз обвинители и судии
-

МОН објави конкурси за стипендии за средношколци во учебната 2026-2027
-

МПЦ-ОА против кратење на верските празници: Тие се вековна врска меѓу народот и Црквата, а не само неработни денови
-

Политико: Европските престолнини се подготвуваат за можен хибриден напад со жртви
-

Последното танго на Меси: Гол, две асистенции, солзи и овации на збогувањето со Аргентина | ВИДЕО
