Германија воведува нови мерки, ограничувања за угостителските објекти, работа од дома каде што е можно
Германските власти планираат да ги заострат мерките за борба против пандемијата на коронавирус, што ќе вклучи дополнителни ограничувања на пристапот до угостителските објекти, објавија германските медиуми пред состанокот на претставниците на федералните и провинциските власти.
Посетата на угостителските објекти во иднина треба да биде овозможена само за оние кои се вакцинирани, кои прележале коронавирус или имаат негативен тест, пишуваат повеќе медиуми, повикувајќи се на учесниците на состанокот.
Досега посетите на ресторани и кафулиња беа можни според т.н. Правило 2Г, односно оние кои имаа сертификат дека се вакцинирани или имале коронавирус. Во исклучителни случаи се применуваше правилото 2Г+ кое вклучуваше задолжителен негативен тест. Сега тој тест може да се замени со потврда за дополнителна вакцинација.
За посета на културни и спортски објекти како и малопродажба, со исклучок на продавници за секојдневни потреби, важи правилото 2Г, односно пристап само за вакцинираните и оние кои го преживеале вирусот.
Претставниците на федералните и провинциските влади сакаат дополнително „експлицитно да препорачаат” носење маски ФФП2, но тие нема да бидат задолжителни, па сепак е дозволено да се носат т.н. операциски маски. Текстилните маски се уште не се дозволени.
Како што јавуваат германските медиуми, министерот за труд Хубертус Хајл се залага работодавачите секаде каде што е можно да овозможат работа од дома.
Властите во наредните денови планираат уште еднаш да им се обратат на оние кои досега не се вакцинирани за да ги убедат да го сторат тоа.
Ново на Сител
-

Мицкоски - Брунер: Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности
-

Ѓорѓиевски: Скопје не смее да чека, мора да се развива - посветено и со визија, во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром
-

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси
-

Приведен 18-годишник од тетовско осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
