Германија со нов закон за интеграција на бегалците и антитерористички мерки

По шестчасовни преговори меѓу германските владејачки партии, владината коалиција предводена од канцеларакта Ангела Меркел ги договори новите мерки со кој треба да се забрза интеграцијата на бегалците и да се зајакне законодавството против тероризмот, јави дописникот на МИА од Берлин.
При интергацијата на бегалците, германската Влада избра модел на „морков и стап“ нудејќи бесплатни курсеви за новите мигранти кои доаѓаат во земјата и во исто време оставајќи можност на сите што ќе одбијат да го научат јазикот и да се интегрираат да им го прекине легалниот престој.
По долгите преговори лидерот на парламентарната група на социјалдемократите, Томас Оперман преку својот твитер профил објави дека „50 години од почетокот на интеграцијата Германија доби закон за имиграција“.
Според новите предлог мерки, со пари од федералниот буџет ќе бидат креирани 100 илјади работни места за барателите на азил. Тие што се соочуваат со итна депортација нема да можат да ги користат овие можности, а тие што ќе бидат дел од тренингот нема да можат да бидат депортирани се додека се дел од владиниот проект.
Според документот усвоен од владата во Берлин , изучувањето на германскиот јазик ќе биде задолжителен и за тие што во земјата планираат да останат краткотрајно.
Коалициските партнери во германската Влада на состанокот се договориле да обезбедат и повеќе финансии, персонал и овластувања за силите за безбедност во борбата против тероризмот. Со мерките ќе биде дозволено тајните служби да ја зајакната соработката со партнерите во ЕУ и НАТО, како и со Израел.
Предлог-законот треба да биде презентиран на крајот на мај пред Парламентот, каде што владеачката коалиција има апсолутно мнозинство.
Ново на Сител
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски најави 8 денари помош за килограм откупена арпа
-

Премиерот Мицкоски очекува убедлива победа во вториот круг во Брвеница
-

СДСМ: Власта ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите
-

Министерот за правда ги стартува разговорите за решение за правосудниот испит
-

Мицкоски: Со Окта се преговара за 2 денари попуст за дизелот
-

Неопходна е навремена превенција на ризичните однесувања кај младите
