Германија лани потрошила 198 милијарди евра за образование

Трошоците за образование во Германија лани номинално пораснале за седум проценти, покажуваат официјалните податоци објавени денеска.
Федералната Влада, покраините и општините во 2024 година потрошиле вкупно 198 милијарди евра (231 милијарда долари) за училишта, универзитети, грижа за деца и други образовни програми, односно 13 милијарди евра повеќе отколку претходната година, соопшти Федералната статистичка служба.
По глава жител, инвестициите изнесувале 2.400 евра – 200 евра повеќе отколку во 2023 година.
На федерално ниво, трошоците за образование се намалиле за 1,6 проценти, на 11 милијарди евра, што делумно се должи на фактот дека во 2023 година студентите добија еднократна поддршка од 200 евра поради зголемените трошоци за енергија – мерка што престана да важи во 2024 година.
Спротивно на тоа, 16-те германски покраини, кои се надлежни за образовната политика, ги покриле најголемите расходи – 135 милијарди евра, што претставува раст од 7 проценти.
Општините го зголемиле трошењето дури за 10 проценти, на 52 милијарди евра, при што најмногу средства биле насочени кон згрижување на деца и основно образование.
Вкупно, трошоците за образование претставувале 4,6 проценти од бруто-домашниот производ, што е пораст во однос на 4,4 проценти во 2023 година.
Околу половина од сите средства – 97 милијарди евра – биле наменети за основните и средните училишта, додека 49 милијарди евра отишле за згрижување деца.
Универзитетите добиле околу 20 проценти или 38 милијарди евра, а дополнителни 14 милијарди евра биле издвоени за поддршка, младинска работа и други образовни активности.
Училиштата и универзитетите во Германија вообичаено се бесплатни, а претшколската грижа е силно субвенционирана и во некои случаи целосно бесплатна.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
