Германија ќе почне со вакцинирање на населението против Ковид-19 на 27 декември
Германија ќе почне со вакцинирање на населението против Ковид-19 на 27 декември каде прво ќе се вакцнираат во домовите за стари лица, соопштија здравствените власти.
Одлуката е донесена на состанокот на сојузниот министер за здравство Јенс Шпан и неговите колеги од 16-те германски провинции.Шпан ги информираше учесниците на состанокот за претстојното одобрување и испорака на вакцината изработена од компаниите Фајзер и БиоНТех.
Вакцинацијата низ цела Европска унија, каде Германија сега има ротирачко претседателство до крајот на годината, веројатно ќе почне на 27 декември.
Под германски притисок, Европската агенција за лекови вчера објави дека ќе донесе одлука за одобрување на вакцината на Фајзер/БиоНТех на 21 декември – една недела порано од планираното.
Институтот Роберт Кох соопшти за рекорд на смртни случаи во Германија од 952 лица поврзани со коронавирусот во последните 24 часа. Бројот на новоинфицирани е близу 28 илјади.
Вкупно скоро 23.500 луѓе починаа во Германија од компликации предизвикани од коронавирусот. Заразени се скоро милион и 380 илјади луѓе.
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест