Германија и Австрија бараат продолжување на контролата на заедничката граница
Германија и Австрија бараат продолжување на контролата на заедничката граница, имајќи ги предвид актуелните закани за безбедноста, изјавија денеска во Берлин германскиот и австрискиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер и Волфганг Соботка.
Мезиер истакна дека Германија бара продолжување на рокот за гранична контрола, кој завршува кон средината на следниот месец, поради „недоволна безбедност на надворешните граници на ЕУ“ и опасноста од терористички напади.
Тој нагласи дека средбата на врвот на Г-20, која е закажана за јули во Хамбург, е доволна причина за продолжување на мерките за граничната контрола.
Со воведување на тој режим времено е прекинато спроведувањето на Шенгенскиот договор за слободно движење преку границите на земјите од овој документ, меѓу кои се Германија и Австрија.
Соботка спомена за важноста на економските врски меѓу соседните земји, но дека безбедноста на граѓаните е приоритет. Тој додаде дека Австрија ја поддржува позицијата на Германија.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости