Генералштабот на Армијата ќе информира за отпочнувањето на активностите за вежбата „Блесок 26“

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и директорот на националната вежба „Блесок 26“, полковник Игор Арсовски, денеска во Генералштабот на Армијата ќе информираат за отпочнувањето на активностите за вежбата.
Вежбата ќе се одржи од 19 до 27 април и ќе се спроведе на повеќе локации, вклучувајќи ги: армискиот полигон „Криволак“, касарните „Јане Сандански“ во Штип, „Мирче Ацев“ во Прилеп и „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец.
Од Канцеларијата за воени односи со јавноста на Генералштабот на Армијата информираат дека вежбата е продолжение од серијалот вежби „Македонски Блесок“ и претставува важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на Армијата.
Главна цел на вежбата е да се изврши оценување на борбените способности на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), како и нејзината подготвеност за извршување на оперативни задачи во реални услови.
Ова, како што се посочува, ја прави вежбата „Блесок 26“ и оценувањето на ЛПБГ еден од врвните армиски и национални приоритети за годинава.
МИА
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
