Генералниот секретар на Светската царинска организација Микурија во посета на земјава
Генералниот секретар на Светската царинска организација (СЦО), Кунио Микурија во периодот од 21 до 23 октомври 2019 година ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Тој во земјава ќе присуствува на конференција на Светската царинска организација – ПИКАРД (Партнерство во царинското истражување и развој), чиј домаќин е Царинската управа на Република Северна Македонија.
– Конференцијата, под покровителство на СЦО годинава се одржува во Скопје, што претставува уште едно признание за напредокот во царинското работење во државава и интезивната соработка со СЦО и нејзините држави членки. На конференцијата се очекуваат околу 200 гости од повеќе од 50 земји, царински експерти и академици кои ќе ги презентираат своите истражувачки трудови на темата на годинешната 14-та ПИКАРД конференција „Паметни граници за непречена трговија, патување и транспорт“, соопштија од Царинската управа.
Изборот на Светската царинска организација, Република Северна Македонија да биде земја домаќин на оваа престижна конференција, велат од Царинската управа, е потврда за реформскиот напредок и посветеноста на Владата, Министерството за финансии и Царинската управа за вклучување во глобалните синџири на светската економија, модернизација на царинското работење и олеснување на трговијата.
Во рамки на посетата Микурија ќе има и билатерални средби со премиерот Зоран Заев и министерката за финансии Нина Ангеловска. Посетата ќе ја искористи и за средба со бизнис заедницата и состанок со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.
Како симбол на пријателство, во рамките на агендата на генералниот секретар Кунио Микурија, предвидено е и засадување на дрвца во дворот на Царинската управа на Република Северна Македонија со министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.
Светската царинска организација, основана во 1952 година како Совет за царинска соработка, е независно меѓувладино тело чија мисија е зајакнување на ефикасноста и ефективноста на царинските управи. Денес, во СЦО членуваат 183 царински управи од целиот свет кои заедно покриваат околу 98 отсто од вкупната трговска размена. Како светски центар на царинска експертиза, СЦО е единствената меѓународна организација компетентна за царински прашања.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори