Гатачка „гледала“ на злато - Скопјанка ограбена во својот дом

Вчера во 12,30 часот во Полициска станица Гази Баба М.Р.(43) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10,00 часот од страна засега непознато женско лице била измамена и притоа била оштетена за околу 60.000 денари. Имено сторителката дошла кај неа дома и продавала долна облека, но оштетената ја одбила, по што истата побарала кафе и М.Р. и дозволила да влезе во нејзиниот дом. Откако влегла сторителката почнала да и кажува некои работи за семејството на М.Р. и и кажала дека знае да гата и барајќи и злато. Откако оштетената и го донела златото (девет златни прстени, бурма, нараквица и две обетки), сторителката и кажала дека за да ги отстрани лошите работи мора да оди во црква и дека ќе се врати за еден час, по што таа ги оставила обетките и нејзината стока, а златото го земала, заминала и не се вратила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
