„Г“ - премиера на Албанскиот театар-Скопје

Албански театар-Скопје утревечер на сцената на Театар Комедија од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Г“ според сатиричните дела на Ѓерѓ Фишта во драматизација и режија на Сулејман Рушити.
Претставата е сублимат на вкупното сатирично творештво, анегдоти, како и поеми од Ѓерѓ Фишта кој бил највлијателна личност во албанската книжевност во првата половина на 20 век.
- Се работи за култното сатирично дело на Ѓерѓ Фишта, со идеја на сцената да се постават феномените кои на некој начин го инспирирале авторот да ги камшикува негативните појави. Во текстот се спомнува албанското општество, но темата е универзална зашто аномалиите се видливи и во други општества. Драматизацијата и поставувањето на сцена има модерен театарски јазик, иако сатиричните текстови се напишани пред сто години. Се надевам дека заедно со актерите во екипата успеавме да ја пренесеме пораката со тенденција еден ден преку катарзата да успееме да ги подобриме нашите општества, рече на прес-конференција режисерот Рушити.
Авторот Ѓерѓ Фишта (1871-1940) бил еден од најголемите преродбеници во Албанија, припадник на францисканскиот ред и политички ангажиран интелектуалец. Придонел за развојот на албанскиот јазик и претседавал со комисијата на Битолскиот конгрес на кој била стандардизирана албанската азбука.
Во претставата „Г“ играат актерите Адем Карага, Вјолца Бектеши-Хамити, Аида Елези, Блерим Дардишта, Дритеро Аме, Генци Мирзо и Висар Етеми. Посебен сегмент е музиката на пијанистката Пасионариа Асланај која, според Рушити, е во стилот на брехтовски мјузикл.
Режисерот соопшти и дека драматизацијата ја направил пред неколку години со првична идеја изведбата да биде во друг театар но, рече, излегло и уште подобро што премиерата ќе биде со ансамблот на Албанскиот театар-Скопје.
Директорот Адем Карага рече дека со оваа премиера ќе одбележат 67 години од основањето на нивниот театар. Ова е втора премиера годинава, а во план е уште една која ќе ја подготват за септември.
Ново на Сител
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
