ФЗОМ назначи лице за комуникација со странските туристи во Охрид

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во Подрачната единица во Охрид назначи лице за комуникации со странските туристи кои имаат потреба од здравствена заштита, информираа денеска директорите на ФЗОМ, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани.
По денешната посета на Подрачната единица на ФЗОМ во Охрид, во рамки на која се запознаа со реалните проблеми на вработените, но и на осигурениците, Стефаноски појасни дека назначеното лице треба да знае некој од јазиците од нашето опкружување и англсики јазик за да може да оствари комункација и да им помогне на странските осигуреници и туристите.
Понудата покрај туристичка, истакна Стефаноски, треба да биде и грижа за здравјето на осигурениците.
- За странските туристи исклучително е значајно функционирањето на Фондот, бидејќи доколку имаат проблем со здравјето преку Фондот може многу лесно да го остварат правото на заштита со едноставно пријавување во Подрачната единица и со подигање на двојазичниот образец, кој им стои на располагање. Ако доаѓаат од земја со која имаме билатерален договор за социјална заштита, може да појдат во здравствената установа и да ја добијат здравствената нега која им е потребна, рече Стефановски.
Во Охрид, нагласи, ќе посветуваме внимание и за достапноста на лековите. Според него, 27 аптеки имаат склучено договор со ФЗОМ и имаат квоти, а кај најголем дел е зголемена квотата со последната дистрибуција.
За Стефановски исклучително важно е да направат се што е во нивна моќ, да ги направат осигурениците задоволни и да ја добиваат услугата од ФЗОМ брзо и транспарентно.
- Важни ни се и нашите вработени, затоа што сметаме дека само со задоволни вработени може да се постигнат овие работи, додаде Стефаноски.
Директорот Рамадани посочи дека во рамки на посетата на Подрачната единица на Фондот во Охрид имале можност да видат како работат вработените и дали осигурениците се задоволни.
Директорите на ФЗОМ денеска ќе ја посетат и ново отворената аптека во туристичката населба Пештани, да ги видат условите за работа и снабденоста со лекови.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
