Фунго: Единствената војска која може да делува на Косово е КФОР

Единствената војска која може да делува на Косово е КФОР, изјави командантот на КФОР Џовани Фунго за приштинскиот весник „Коха диторе“.
Запрашан да ја прокоментира изјавата на претседателот на Србија Томислав Николиќ за можноста за испраќање на српска војска на Косово, Фунго објасни дека тоа е одлучено со Кумановскиот мировен договор во 1999 година, пренесува Танјуг.
Тој истакна дека за време на тензиите од минатиот викенд, кога започнало пробното возење на возот на линијата Белград - Косовска Митровица, КФОР била во состојба на подготвеност.
Меѓутоа, Фунго наведе дека КФОР се вклучува дури после полицијата на Косово и Еулекс, како трета сила.
Тој оцени дека неодамнешните случувања се загрижувачки, додавајќи дека тие проблеми треба да бидат решени со дијалог.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
