Фунго: Единствената војска која може да делува на Косово е КФОР

Единствената војска која може да делува на Косово е КФОР, изјави командантот на КФОР Џовани Фунго за приштинскиот весник „Коха диторе“.
Запрашан да ја прокоментира изјавата на претседателот на Србија Томислав Николиќ за можноста за испраќање на српска војска на Косово, Фунго објасни дека тоа е одлучено со Кумановскиот мировен договор во 1999 година, пренесува Танјуг.
Тој истакна дека за време на тензиите од минатиот викенд, кога започнало пробното возење на возот на линијата Белград - Косовска Митровица, КФОР била во состојба на подготвеност.
Меѓутоа, Фунго наведе дека КФОР се вклучува дури после полицијата на Косово и Еулекс, како трета сила.
Тој оцени дека неодамнешните случувања се загрижувачки, додавајќи дека тие проблеми треба да бидат решени со дијалог.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
