Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Бове, изгуби свест на натпреварот против Интер
Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер во рамките од 14. коло во италијанското првенство е прекинат.
Во 17. минута, играчот од средниот ред на Виолетовите, Едоардо Бове, изгуби свест за време на денешниот меч. Лекарите се обидоа да го освестат фудбалерот додека играчите од двата тима стоеја околу лекарскиот тим. Подоцна Бове бил однесен со амбулантно возило. Многу играчи не можеа да ги задржат солзите.
Фиорентина соопшти дека Бове е во стабилна состојба, но ќе остане да му бидат направени уште тестови.
„Фиорентина и Универзитетската болница Кареџи соопштуваат дека фудбалерот Едуардо Бове кој беше спасен на теренот по губењето на свеста на натпреварот Фиорентина и Интер, моментално е под фармаколошка седација и е хоспитализиран на интензивна нега. Бове пристигна во стабилни хемодинамски услови и првите кардиолошки и невролошки тестови што беа направени отфрлија актуно оштетување на цетнралниот неверн систем и кардио-респираторниот систем. Во наредните 24 часа ќе му бидат направени дополнителни тестови на Едуардо Бове во болницата“, стои во соопштението на Фиорентина.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР