Фронтменот на „Дисциплина кичме“ хоспитализиран поради мозочен удар

Фронтменот на рок-групата „Дисциплина кичме“ Душан Којиќ – Која (58) имал мозочен удар и е во болница во вештачка кома.
Која заминал во Англија да ја посети својатаа сестра, кога доживеал мозочен удар. Тој бил итно хоспитализиран, а лекарите го внеле во индуцирана кома за да му дадат на мозокот доволно време да се опорави.
Бас гитаристот, пејач и композитор, Која е активен на музичката сцена веќе четири децении. Тој му се приклучи на Милан Младеновиќ во 1980 година во групата „Лумуново дрво“, а потоа со тапанарот Ивица Вдовиќ се етаблираа како трио и го сменија своето име во „Шарло Акробата“. Тогаш го издадоа единствениот, но култен албум „Бистар или глупав човек станува кога…“
По распадот на „Шарло“, Која ја основа „Дисциплина кичме“ кон крајот на 1981 година. Тој е автор на хитовите „Тато и мамо“, „Сите по мене“, „Имам шарени очи“, „Не фрлај бетонски табли од врвот на твојата зграда“, „Знаеш ли за друг ритам“…
Која ја компонираше музиката за филмот „Како пропадна рокенролот“.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
