Француските левичарски европратеници и Зелените ја бојкотираа иницијатива на француската влада за заеднички настап во Стразбур
Левичарските европратеници и тие од редовите на Зелените одлучија да не присуствуваат на состанокот организиран од француската влада, одбивајќи да застанат зад заеднички француски проект заедно со избраните претставници на Националниот собир – крајната десница, јавува дописникот на МИА.
Повикот да се игра колективно, испратен од француската влада до 79 новоизбрани европарламентарци од Франција не помина. Повикани во Матињон, седиштето на француската влада од страна на француски премиер Едуар Филип и државниот секретар за европски прашања Амели де Монтшалан да разговараат за француските „приоритети” на европско ниво на левичарите и зелените ја одбија таа понуда.
Целта на владата за создавање „француски тим во Европскиот парламент“ не ги убеди.
-Нема да постигнеме гол против нашиот тим во Европскиот парламент, каде што седиме во политички групи. Членовите на делегацијата припаѓаат на екипата на левицата за да се промени Европската унија “, изјави Силви Гијом претседателка на делегацијата на социјалистите во ЕП.
Координацијата на работата меѓу европарламентарците и различните служби на француската влада задолжена за Европа е вообичаена практика. Но, повикот за обединет фронт зад француските приоритети поставени од страна на владата не им се допаднаа на повеќе европратениците од други политички семејства. Исто како и покната испратено до Националниот собир и неговите 24 избрани европратеници.
Ова е нов лош почеток за европратениците од Републиката во движење на Емануел Макрон, кои очекуваат широка коалиција со левицата и зелените во Европскиот парламент.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости