Францускиот БДП порасна за три отсто во третиот квартал
– Бруто домашниот производ на Франција порасна за три отсто во третиот квартал од 2021 година и ги надмина пазарните прогнози, благодарение на силната приватна потрошувачка и експанзијата на извозот, покажуваат прелиминарните податоци на Националната статистичка служба INSEE објавени денеска.
Во истражување 24 аналитичари предвидоа раст на втората по големина европска економија од 2,1 отсто.
Министерот за финансии Бруно Ле Мер за радиото Франс Инфо изјави дека ова е „исклучителен резултат“ кој покажува дека економијата се движи во вистинската насока. Според соопштението на INSEE, растот во третиот квартал значи дека француската економија е блиску до достигнување на нивоата пред избувнувањето на пандемијата со Ковид-19.
Аналитичарите во инвестициската банка ИНГ го опишаа растот на БДП во третиот квартал како „одлична вест“, но предупредија дека тој може да биде максимум оваа и следната година, бидејќи глобалната економија се бори со инфлаторни притисоци и проблеми со синџирот на снабдување. Како што напишаа во анализата, нивото на раст во третиот квартал е веројатно највисокото што ќе го видиме во Франција во 2021 и 2022 година. Врвот е достигнат и отсега економскиот раст ќе почне да забавува.
INSEE прогнозира дека БДП на Франција ќе порасне за 6,25 проценти во 2021 година.
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија