Француската Влада е против патување во странство

Во Франција, како една од земјите каде коронавирусот зеде најмногу жртви, сѐ уште владејат рестриктивни мерки.
Парковите се затворени за користење, а француската Влада дури сега размислува од идната недела да дозволи патување во рамки на државата, но најмногу до 100 километри од местото на живеење.
Се препорачува ова лето да не се патува во странство и одморите да се поминат на домашен терен, изјави министерката за животна средина, Елизабет Борн.
Таа во интервју за Радио Ентер, пренесува Ал Џезира, рекла дека се размислува идната недела да се дозволи патување во Франција до сто километри од местото на живеење.
Париз сѐ уште се смета за жариште на коронавирусот.
Меѓутоа, градоначалникот на Париз бара од Владата да ги отвори парковите за користење, бидејќи граѓаните главно живеат во станови без или со мали тераси.
На почетокот на овој месец францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека е малку веројатно дека француските граѓани ова лето ќе патуваат на далечни дестинации и дека најверојатно и патувањата во Европа ќе бидат ограничени.
Во Франција досега починаа повеќе од 28.000 луѓе.
Ново на Сител
-

Притвор за 65-годишен раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото малолетни ученички
-

Савевски: Предметот за мазутот не е рефиниран
-

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината
-

Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал
-

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
