Франција се надева дека на Русија ќе и продаде нови бродови
Франција се надева дека на Русија ќе и продаде нови бродови и покрај поништувањето на договорот за двата носачи на хеликоптери „Мистрал“ претходно оваа година, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд, цитиран од американските медиуми.
- Работите со Русија минаа добро. Таа се согласи да се поништи договорот за „Мистралите“. И дури си мислам дека можеме да постигнеме партнерство за продажба на нови бродови, изјави Оланд за време на посетата на бродоградилиштето во Сен-Назер, во западна Франција, каде беа наредени двата „Мистрала“ за Русија.
Оланд, меѓутоа, не прецизираше дали овие нови бродови ќе бидат воени.
Тој прошета по еден од двата „Мистрала“, наменети за Русија, што требаше да го добие името „Владивосток“.
Договорот за „Мистралите“ требаше да биде најголемиот договор меѓу членка на НАТО и Русија, но пропадна заради украинската криза. Франција врати 950 милиони евра, платени од Русија за бродовите, и потоа истите бродови му ги продаде на Египет, со која потпиша договор на истата вредност.
„Мистралите“ можат да транспортираат 16 воени хеликоптери, 700 војници и 50 парчиња оклопна техника. Тие на Египет ќе му бидат испорачани во март следната година.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден