Франција најверојатно ќе има четврти бран на Ковид-19
Франција, најверојатно, ќе има четврти бран на Ковид-19, како резултат на повторување на случаите предизвикани од Делта варијантата на вирусот, првично откриена во Индија, изјави водечкиот научен советник на Франција, професорот Жан-Франсоа Делфрејси.
Сепак, Делфрејси денеска додаде дека воведувањето на вакцината против Ковид-19 ќе помогне во ублажување на влијанието на овој нов бран на вирусот, за кој многу медицински експерти сметаат дека може да ја погоди Франција до септември или октомври.
– Мислам дека ќе имаме четврти бран, но тој ќе биде многу поумерен од претходните три бранови, бидејќи нивото на вакцинација е поинакво од порано, изјави Делфрејси за француското радио.
Францускиот епидемиолог Арнауд Фонтанет, кој исто така ја советува француската Влада за научни прашања, за БФМ ТВ изјави дека очекува бројот на заразени со Ковид-19 во Франција повторно се зголемува во септември или октомври.
Министерот за здравство Оливие Веран на почетокот на неделава рече дека Делта варијантата на вирусот, поради чија стапка на ширење во светот некои земји повторно воведоа ограничувања за патувања, сега опфаќа околу 20 проценти од случаите во Франција.
Ново на Сител
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди
-
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата
-
Учениците на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел