Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства
Француските судски власти вчера издадоа нов налог за апсење на соборениот од власт сириски лидер Башар ал Асад, обвинувајќи го за учество во воени злосторства поврзани со смртта на француски државјанин од сириско потекло во 2017 година, објави денеска весникот „Паризиен“.
Според обвиненијата, Асад се товари за соучесништво во убиства и напади врз цивили.
„Паризиен“ наведува дека 59-годишниот маж бил убиен откако неговата куќа во градот Дараа била бомбардирана од сириската армија со хеликоптери во јуни 2017 година. Француските истражни органи веруваат дека нападот бил извршен по наредба на Асад, кој обезбедил и средства за нападот. Во тоа време, сириската влада се обидувала да ја врати контролата врз градот од опозициските сили.
Претходно, во 2023 година, Франција издаде прв налог за апсење на Асад, во врска со употребата на хемиско оружје во нападите врз населбата Источна Гута во август 2013 година. Нападот со сарин гас тогаш однесе стотици животи, а според некои организации за човекови права, бројот на жртвите надмина 1000.
Ново на Сител
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто