Франција го помина прагот од 1.000 мртви од коронавирусот

Франција го помина прагот со 1.100 смртни случаи во болниците на заболени од коронавирусот, од што се исклучени смртните случаи во старечки домови, јави дописникот на МИА.
Тоа се 240 смртни случаи повеќе од вчера вечер. 85 отсто од починатите се на возраст од над 70 години. Истовремено 328 лица биле излечени од почетокот на епидемијата.
Генералниот директор за здравство, Жером Саломон, понатаму објави дека Франција сега има 22.300 потврдени случаи на заразени со коронавирусот на својата територија. Во моментов се хоспитализирани 10.176 лица, меѓу кои 2.516 се во сериозна состојба и се на интензивна нега, односно 434 случаи повеќе од вчера. Од нив 34 отсто биле сериозно болни пациенти на возраст под 60 години; а 58 отсто се меѓу 60 и 80 години.
Потсетувајќи дека се соочуваме со „брза и влошувачка епидемија“, тој посочи дека Франција во моментот спроведува 9.000 тестови на ден. Капацитет ќе се зголеми за 10.000 дополнителни тестови до крајот на неделава.
Значи, Франција ќе има можност да прави 29.000 тестови на ден од следната недела, наспроти 9.000 во моментов, најави генералниот директор за здравство.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Шефот на словачката дипломатија во официјална посета на Македонија
-

Нема финален договор меѓу МОН и студентите
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
