-->
-->
Форд може да произведува електрични автомобили во Германија по 2023 година
-->

Американскиот автомобилски гигант „Форд" би можел да произведува електрични возила во Германија по 2023 година, откако ќе го заврши циклусот на моделот Фиеста, изјави шефот за германскиот бизнис на компанијата и предложи таа транзиција локалната и сојузната влада да ја поддржат со субвенции.
- Чисто хипотетички, тогаш (2023) би можел да биде добар момент за тоа, изјави Гунар Херман за германскиот бизнис весник Ханделсблат .
Тој рече дека ќе им требаат околу 15 месеци за да ја прилагодат фабриката во Келн за производство на електрични автомобили, додавајќи дека инвестицијата нема да биде профитабилна ако продажбата на електрични автомобили изнесува само 30.000 или 40.000 возила годишно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
