-->
-->
Фонтаната во Кратово доби нов модерен лик
-->
Заврши изработката на мозаикот на градската фонтана во центарот на Кратово. Инсталацијата на мозаикот траеше изминатите неколку денови по што беше комплетиран новиот урбан лик на фонтаната која го краси градскиот плоштад.
– Активноста се спроведе во рамки на проектот „Мозаик – соработка во традиција и современо живеење“ 2019. Изминатите денови во временскиот интервал од 11 до 14 часот граѓаните имаа можност да учествуваат во креирањето и инсталацијата на мозаикот. Целта настанот е да им се овозможи на сите заинтересирани граѓани да земат учество во овековечувањето и создавањето на новото уметничко дело, како и да остават свој белег, а со самото тоа да ја почуствуваат важноста и значењето на мозаикот како уметност, изјави Јасминка Давитковска од Општина Кратово.
Автор на мозаикот е Јасмина Бошевски, дипломиран уметник, која на присутните граѓани им ја претстави техниката на изработка на мозаикот како уметност, давајќи им инструкции при креирање на истиот.
Проектот е во реализација на Здружението „Добредојде Македонија – Welcome center“, во соработка со Општина Кратово и финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна